Ија

(Ио, Јо) (грч. io) мит. во старогрчката митологија: ќерка на Инах, крал на Аргос, во која се вљубил Зевс и, за да ја скрие од љубоморната Хера, ја претворил во бела крава
Хера успеала да ја издејствува таа крава за себе како подарок и му ја доверила на Аргус (чудовиште со сто очи) да ја чува
по наредба на Зевс, Хермес го убил Аргус, но Хера и пуштила на Ија еден штркел што ја бркал низ целиот свет, се додека не нашла спас во Египет добивајќи го својот поранешен облик
подоцна ја почитувале во Египет како божица Изида.

Macedonian dictionary. 2013.

Look at other dictionaries:

  • Аргус — (лат Argus) 1. мит во старогрчката митологија син на Зевс и Ниоба, стоок, вечно буден чувар на Зевсовата љубовница Ија (Јо) која Хера ja претворила во крава, бил убиен од Хермеј по наредба на Зевс, 2. фиг многу внимателен и ревносен чувар, шпион …   Macedonian dictionary

  • Инах — (грч. Inachos) мит. во старогрчката митологија: син на Океан и Тетија, татко на Ија го основал градот Арг и бил негов прв владетел бил речно божество и неговото име го носи и реката што тече покрај Арг …   Macedonian dictionary

  • Хела — (грч. Helle) мит. во старогрчката митологија: ќерка на беотискиот крал Атамант и на Нефела бегајќи со братот Фрикс од омразата на маќеата Ија, јавнати на златорун овен што можел и да лета, кога биле над морето на пат за Колхида, паднала од овенот …   Macedonian dictionary

Share the article and excerpts

Direct link
Do a right-click on the link above
and select “Copy Link”

We are using cookies for the best presentation of our site. Continuing to use this site, you agree with this.